Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.04.2017, 12:57

ШВЕЃАНЕЦ ГО ЧЕКА ДОЛГА ПАУЗА

Камбек во јануари или крај на кариерата за Ибрахимовиќ

Манчестер јунајтед потврди дека Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо имаат сериозни повреди на коленото и двајцата ги чекаат (по)долги паузи од зелените терени.

Далеку посериозна е ситуацијата со Швеѓанецот, кој, според ЕСПН, би можел повторно да заигра дури во јануари наредната година, што доведе до шпекулации дека оваа повреда би можела да значи и крај на неговата кариера.
- Двајцата играчи ќе бидат подложени на дополнителни специјалистички прегледи, за да се утврди точната тежина на повредите, по што ќе се знае и колку ќе паузираат - објави клубот.
Она што е сигурно е дека и Ибрахимовиќ и Рохо сериозно ги повредија лигаментите на коленото на средбата со Андерлехт во четвртокот. Рохо нема да игра барем до крајот на сезоната, додека паузата на 35-годишниот Ибрахимовиќ би можела да биде и седум месеци.
Со тоа станува неизвесно дали Манчестер ќе потпише нов договор со својот најдобар играч (28 постигнати гола), имајќи предвид дека тој сигурно губи и половина од наредната сезона.


Текстот е прочитан 2016 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter