Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.04.2017, 01:20

НА СФФ ВО "МИЛЕНИУМ" И ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови

Денес на 20. Скопски филмски фестивал, во киното "Милениум" ќе играат: во 17 часот "2001: Одисеја во вселената" на Стенли Кјубрик, во 20 часот е "Младиот Карл Маркс" на Раул Пек и во 22 часот "Кралицата на Шпанија" на Фернандо Труеба.

Во Кинотеката на Македонија, во 19:30 часот е најавена филмската програма за деца "Креираме заедно". Филмовите се синхронизирани на македонски јазик, со адаптиран превод за лица со оштетен слух.
На програмата во "Милениум" за утре се: "Пеколен портокал" на Кјубрик (17 часот), "Куќата на вицекралот" на Гуринден Чада (20 часот) и "Сурово" на Џулија Дукорно од 22 часот.
Во Кинотеката ќе се прикажат: "Загубени во Париз" на Доминик Абел и Фиона Гордон (17 часот), "Сафари" на Улрих Зајдл (19 часот) и "Ноктурама" на Бертран Бонело во 21 часот.

(Н. П.)

"Реквием за госпоѓа Ј" ја замисли скопската публика

Во полна сала и во пријатна атмосфера, свечено, со премиера на успешниот регионален филм "Реквием за госпоѓа Ј", во кој Македонија е малцински копродуцент, прексиноќа во киното "Милениум" почна 20. Скопски филмски фестивал.
"Реквием" е тажно-среќен српски филм, во кој учествуваат продуценти од Македонија, Бугарија, Русија и од Франција, по сценарио и режија на Бојан Вулетиќ.
Играат: Мирјана Карановиќ, Даница Неделковиќ, Мира Бањац, Јована Гавриловиќ, Срѓан Тодоровиќ.
Отворањето помина во присуство на дел од македонската и на дел од српската екипа, кои беа расположени за дружба со гостите.


(Н. П.)
Фото: О.Теофиловски


Текстот е прочитан 1503 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter