Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.04.2017, 01:21

ТРАЈАНОВСКИ И АВИРОВИЌ ИЗВРШИЈА УВИД ВО ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ

Во Скопје се гради модерен забавен парк

Три адреналински реквизити, шест семејни и 18 детски реквизити ќе бидат поставени во новиот забавен парк, кој ќе се простира на околу 25.000 квадратни метри, на истата површина како постојниот Луна парк. Во паркот ќе има и разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и други забавно-рекреативни содржини.

Новиот забавен парк ќе се гради фазно, повеќе години и неговата изградба, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра. Ова го соопшти скопскиот градоначалникот Коце Трајановски, кој заедно со претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева и директорот на ЈП "Паркови и зеленило" Душан Авировиќ, извршија увид во градежните работи на изградбата на новиот забавен парк во Градскиот парк.
Новиот забавен парк ќе се гради во неколку фази. Во првата фаза ќе се работи на инфраструктура - водоводна, фекална, атмосферска канализација, партерно и хортикултурно уредување за што се издвоени околу 101 милион денари. Веќе е избрана градежна фирма.
"Распишан е тендер и избрани се добавувачи на седум реквизити кои ќе бидат набавени во првата фаза или оваа година. Рокот на нивното пристигнување е шест месеци од склучување договор и очекуваме да бидат донесени во јули/август. Добавувачот е должен да ја направи основата, да монтира и пробно да ги пушти реквизитите во употреба, со што целосно ќе биде негова одговорноста во функционирање на реквизитите", рече Трајановски.
Во паркот ќе се постават еден адреналински, два полуадреналински, еден воз на шини и три детски реквизити. За набавка на овие реквизити предвидени се 130 милиони денари.
За останатите реквизити, како што рече Трајановски, предвидено е во развојната програма на Град Скопје по 100 или 120 милиони денари во 2018 и 2019 година.
Во рамките на новиот забавен парк ќе се изградат ресторани, театар, административни објекти, влезна и излезна партија на паркот.


Текстот е прочитан 3476 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter