Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.04.2017, 20:01

Чавков: Полициските службеници го бранат Уставот

Полициските службеници се под заклетва дека ќе го бранат Уставот, ќе го штитат територијалниот интегриртет и суверенитет на државата, дека ќе бидат гарант на безбедноста на граѓаните и ќе го чуваат јавниот ред и мир, и тие вчера токму тоа го правеа, изјави на денешната прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

- Во текот на вчерашниот ден, за жал бевме сведоци на немили настани и инциденти во Собранието. Јавноста треба да ја знае вистината. Полицијата немаше никакви сознанија, ниту најави за насилни инциденти, изјави Чавков.

Полицијата, посочи тој, ги обезбедуваше граѓанските протести како и секој ден во изминатите два месеци и дека оперативниот штаб формиран уште од почетокот на протестите досега нема регистрирано ниту еден инцидент, за сите овие 60 дена.

- Не постоеа никакви дојави дека во текот на вчерашниот ден ќе се случи некаков инцидент, затоа полицијата стандардно го обезбедуваше Собранието. За жал по завршување на седницата во Парламентот вчера се случија неколку инциденти, кои го предизвикаа и испровоцираа гневот и револтот на граѓаните, изјави Чавков.

Посочи дека никој од Собранието не се јавил дека по завршување на седницата ќе има обид за прогласување на нов спикер и дека начинот на кој тоа било спроведено ги зголемило безбедносните ризици и предизвикала моментална реакција на присутните пред Собранието.

- Ќе треба време и дополнителна анализа зошто тие што стоеа зад сценаријото, одбраа да го реализираат тоа по 18:00 часот, знаејќи дека во тоа време се одржуваат протести. Настаните потоа се одвиваа брзо како на филмска лента. Граѓаните за неколку минути го опколија Собранието и се обидоа да влезат внатре. Имаше обиди полицијата да го спречи влезот на иритираната и разгневена маса, но употребата на сила во тие услови можеше да значи и предизвика десетици жртви, изјави Чавков.

Полицијата, посочи тој, отпочна со примена на сила, веднаш откако добивме информации дека е неопходна интервенција затоа што во Собранието е загрозена безбедноста на луѓето внатре и во моментот кога дополнително ги зајакнавме силите со кои проценивме дека може да спроведеме брза и енергична акција за евакуација на присутните пратеници и повредени лица.

- Откако беше воспоставен јавниот ред и мир и откако беа евакуирани лицата чија безбедност беше загрозена, што беше наша примарна задача, полицијата отпочна со увид и идентификација на осомничените во координација со надлежниот Јавен обвинител. Истрагата и анализите на целиот случај ќе продолжат и во наредниот период и ќе се утврдува поединечната одговорност на сите инволвирани, изјави Чавков.

Полицијата, продолжи тој, веќе две и пол години се справува со сериозни безбедносни закани и предизвици во услови на длабока политичка криза и последиците од неа.

- Полицијата минатата година беше обвинувана дека не употребила сила против насилничките акти на протестите од т.н. „шарена револуција“, кога беше вандализирана, ограбена и запалена канцеларијата на претседателот Иванов. Во континуитет беа напаѓани и Владата и Собранието, но и објекти од многу други институции. Полицијата тогаш реагираше сако кога директно беа засегнати животите и безбедноста на граѓаните и полициските службеници, изјави Чавков.

Чавков нагласи, дека лицата кои стојат зад него учествувале и во воениот конфликт во 2001 година, а своите животи ги ризикувале и во голем број други полициски акции каде го бранеле мирот и безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани.

- Овие полициски службеници се професионалци. Тоа биле и тоа ќе останат без разлика на политичките обвинувања. Крајно некоректно е нивното постапување да се политизира и истите да бидат претставувани како непријатели на државата и македонскиот народ, изјави Чавков.

Што се однесува до директните закани кон него упатени од лидерот на опозицијата Зоран Заев, Чавкво му порача дека целата кариера ја поминал служејќи и на државата и дека се соочил со многу сложени безбедносни предизвици, и работел професионално во полза на Македонија и граѓаните на Република Македонија.

- Затоа му порачувам дека ниту ме загрижува нити пак може да ме заплашат неговите закани и актуелните закани од криминални структури со кои тој е во спрега. Неговите закани и неговото недолично однесување повеќе говорат за него самиот и за начинот на кој што тој делува, изјави Чавков.


Текстот е прочитан 2596 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter