Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.04.2017, 01:00

КАМЕРИТЕ ГО СНИМИЛЕ РЕЧИСИ СЕКОЈ АГОЛ НА СВЕТОТ

Филмски локации за светските патници

Дестинациите кои често биле инспирација за снимање незаборавни филмски кадри и денес се многу популарни помеѓу светските патници. Некои од нив се привлечни независно од тоа што претставувале интересна филмска локација, а други станале интересни за посета токму поради тоа што биле дел од филмското платно.

Понекогаш местото на снимање биле магичните песочни плажи во Тајланд, изолираните острови на Фиџи, убавината на медитерански градови, како и фасцинантни предели на Шкотска и на Ирска. Во близина на Краков е снимен филмот "Шиндлеровата листа", "Пиратите од Карибите" во Доминиканската Република, "Гладијатор" на Малта, "Мандолинскиот капетан Корели" на грчкиот остров Кефалонија. Се чини дека филмската камера го снимила речиси секој агол на светот. Денеска ви пренесуваме дел од преубавите филмски локации.

Њујорк

Шопинг маратони, незаборавни романтични прошетки, капучино во омиленото кафуле и секојдневниот живот на четири млади дами кои живеат во Њујорк допре до срцата на милиони жени ширум светот. "Сексот и градот" од Њујорк направи специфична филмска дестинација. Њујорчани ја искористија популарноста, па местата каде е снимана серијата се дел од туристичката понуда на градот. Во Њујорк се снимени и многу други серии и филмови, па така туристите можат да го посетат станот во кој живееле "Пријатели", да седат на скалите од куќата на Козбиеви, да го посетат Централ Парк, каде што се снимени некои од сцените од филмот "Крамер против Крамер", "Истерувачи на духови", "Сам дома 2", "Појадок кај Тифани", и така натаму.

Нов Зеланд

Одлуката на Питер Џексон локацијата на снимањето на првиот филм од "Господар на прстените" да се одвива во неговата родна земја Нов Зеланд, навидум беше од патриотски побуди. Но, тоа се покажа како полн погодок, бидејќи малку места во светот може да $ конкурираат на мистиката и фантастиката на природните убавини на оваа островската земја, што беше и причина останатите филмови од трилогијата да се снимат таму.

Матмата, Тунис

Локацијата на снимањето на сцените од култниот "Војна на ѕвездите", беа снимани во пустинскиот Тунис. Планинското гратче Матмата е домот на земјените живеалишта и сетот на филмот, чии голи и песочни пејзажи се совршена локација за снимање на сцените сместени на фиктивната планета. Вистинско доживување за страсните обожаватели на овие филмови е престојување во хотелот "Сиди Дрис", чии простории беа употребени за снимање на внатрешноста на домот каде порасна Лук Скајвокер и каде сe уште може да се најдат реквизити од филмот.

Пиз Глорија, Швајцарија

Кога одат во странство, туристите сакаат да посетат атракции во градовите што ги посетуваат, а не ни претпоставуваат дека се работи за места и споменици, кои, всушност, се измислени токму заради нивното доаѓање. Познатиот ресторан се користел за снимање на филм за Џејмс Бонд во 1969 година, а за да привлече повеќе гости, го задржал името од филмот. И ден-денес туристи доаѓаат на оваа планина за да се фотографираат на истото место како и Џејмс Бонд.

Замокот Алнвик

Секое дете кое израснало со книгите за Хари Потер сонувало да добие писмо и покана за училиштето за магионичари сместено во Хогвортс. Замокот Алнвик е локацијата каде што се снимаа првите две епизоди од филмот Хари Потер, а се наоѓа во северниот Нортамберленд, во Англија.

Борн Вуд

Борн Вуд е една од најпознатите локации за снимање. Тука биле снимени десетици филмови. На пример, тука е снимена сцена на битка од филмот "Гладијатор", користена е и во филмови како што се "Златниот компас", "Хари Потер" и "Капетан Америка". Покрај нејзиниот углед во филмската индустрија, Борн Вуд е исто така важна област на животната средина. Ова е дом на неколку ретки животински видови.


Текстот е прочитан 1757 пати.
#
Караѓорѓевиќ на сексуално лекување во Буљарица, Туѓман во кревет со маќеата
Нема добар секс со политички противник
Плавшиќ открива пикантерии по излегувањето од затворот во Хаг: Милошевиќ ја газеше Библијата, Караџиќ е најголемиот шкопен петел
Патуваме, уживаме и правиме пари
Пат околу светот за 80 дена со велосипед
15 минути дремка на секои 4 часа
Маша го прегази Путин
Од униформа во бикини
Бил гејтс чита, Бафет свири укулеле против стресот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter