Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.04.2017, 14:57

РК Вардар реагира на делегираните судии за претстојните средби во ЛШ

Пред претстојниот реванш натпревар помеѓу Вардар и Флензбург за пласман на ракометниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите во Келн од таборот на македонскиот првак денеска преку соопштение се огласија околу номинацијата на делителите на правдата.

Во соопштението на Вардар се вели:

- Цениме, дека се конструираат одредени дејствија во случај клубот повторно да реагира на реалните случувања. Пред неколку денови нашата управа одржа прес-конференција на која ги изнесе аргументите и реагираше за именување на составот што ќе ја дели правдата, кој е од Данска. Во тимот на Флензбург, нашиот ривал, главниот спонзор исто така доаѓа од Данска, како и големиот дел од ракометарите.

Вчера беа номинирани руски судии за полуфиналниот натпревар од Ф4 турнирот во женска конкуренција меѓу Вардар и ЧСМ Букурешт што треба да се игра во Будимпешта на почетокот на мај. Дали номинацијата на оваа судиска двојка е резултат на нашите изнесени информации имајќи го предвид составот на женскиот ракометен клуб Вардар каде голем дел од ракометарите се од Русија, главниот тренер е Русин, а и спортскиот директор и главниот спонзор се исто така од Русија? Дали луѓето што ги делегираат судиите имаат за цел да не замолчат или се конструира потенцијален спин доколку има повторно реакција од наша страна?

Вардар е секогаш за фер игра, каде се залагаме да победи поквалитетната и подобра екипа, а ги почитува сите судии, но не се согласува со делегирањето каде постои можност за субјективност. Доколку се работи за натпревар од групната фаза делегирањето на судиите немаше да биде поттик за реакција од клубот.

Машкиот тим на Вардар за 24 часа го игра историскиот меч од постоењето на клубот, и би сакале да спречиме било каков потенцијал за постоење на судир на интереси.
Клубот денеска ќе испрати писмо до ЕХФ каде ќе побара промена на судиската двојка во полуфиналниот натпревар од Ф4 турнирот во женска конкуренција во Будимпешта.

Нема калкулации и компромиси, ќе се бориме до крај, ќе се бориме за македонскиот ракомет, ќе се бориме за Вардар, стои во обраќањето до јавноста од страна на РК Вардар.


Текстот е прочитан 2241 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter