Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.04.2017, 10:56

ИНЖЕНЕРКАТА ВО НАСА МАРТИНА ДИМОСКА СЕ ОБЛЕЧЕ ВО ОМИЛЕНИОТ ЛИК ОД ЦРТАНИТЕ ФИЛМОВИ

Убавицата на Дизни во Скопје

Мартина Димоска (22) дипломец по аеронаутичко инженерство, која е најмладата менторка во НАСА, беше дел од традиционалниот настан што се одржуваше во Градскиот парк во Скопје, Јапонската косплеијада. Облечена во костимот на принцезата Бел, главната хероина од Дизниевиот цртан "Убавицата и ѕверот", Мартина беше и промотор на настанот.

"За оние што не се запознаени што е тоа косплеиј, да кажам дека станува збор за активност кога лица се облечени како ликови од какво било фиктивно дело (книга, филм, западен стрип...). Косплеијот потекнува од Јапонија, од доцните 70-ти години, кога една мала група љубители носела костими на своите омилени ликови. Она што порано се сметало за една опскурна активност и хоби на мала група луѓе, денес доживува огромна популарност во светот, па еве, и кај нас", вели најмладата менторка во НАСА.
Таа објаснува дека особено се популарни косплеиј конвенциите, како оние на Стар Трек во САД, кои, всушност, ги направиле зачетокот и популаризацијата на косплеијот. Во регионот, најпознат таков собир е Белградскиот јапанизам, во организација на "Сакурабана".

"Во Македонија, луѓето имаат обичај да се маскираат за Прочка, за први април или за Вевчанскиот карневал. Меѓутоа, постои и групата 'Аниме', односно љубители што ја поддржуваат јапонската култура. Токму тие ја направија популарната Јапанорама косплеијада во рамките на групата јапа.нет.мк, каде што се доделуваа и награди и се избираа најдобрите рачно изработени маски. Во оваа група сум активна во согласност со слободното време", раскажува Мартина.
Ова не $ е прв пат да биде дел од ваков настан. Всушност, уште како гимназијалка, учествувала на вакви косплеиј-настани. Таа вели дека Јапанорамата е одлично место за дружба, но и да се прикаже целиот труд околу подготовките, рачно изработениот костим, како и тоа да се долови фиктивниот лик со кој се претставува на Јапа косплеијадата.
Мартина вели дека има уште неколку костими, со кои наскоро ќе се претстави во јавноста.
Мартина е од Кичево. Со нејзините дипломи по мехатроника, роботика и вградени системи на академијата "Њуменс бизнис-акцелератор", како и дипломата по аеронаутичко инженерство на универзитетот "Кент Стејт", таа е една од ретките која имала привилегија да мине викенд во НАСА, како и да го облече оделото на Нил Амстронг. Уште како дете сонувала да биде дел од НАСА.
"Вложив многу за мојот сон да стане раелност. Како најмлад ментор носам со себе и тежина, но и предност. Свесна сум дека треба да го понудам своето знаење, но и да ги прифатам предизвиците, особено од поискусните од мене", ни изјави Мартина.
А. Георгиев


Текстот е прочитан 4246 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter