Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.04.2017, 11:14

НАЈГОЛЕМА ФИНАНСИСКА ТРАНСАКЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА МОДАТА

Милијардерот Бернар Арно го купува "Диор" за 12 милијарди евра

Франција - Францускиот милијардер Бернар Арно, претседател и еден од акционерите на најголемата луксузна компанија "ЛВМХ", го купува брендот "Диор" за 12 милијарди евра. Најголемата финансиска трансакција во историјата на модата предвидува купување на машката и на женската модна линија и на чантите "диор".

Претходно, Арно ги купи парфемите и козметиката "диор" . Сега целиот бренд ќе биде под капата на луксузната империја, која вклучува 70 други брендови, меѓу нив и "дом перињон", "булгари", "луј витон", "сефора" и "таг ер".

Арно поседува 47 проценти од акциите во компанијата, на чие чело е од 1989 година и е меѓу 15-темина најбогати бизнисмени во светот, според "Форбс". "ЛВМХ" лани забележа рекордна продажба на производите од брендовите што ги поседува. Во 2014 година, Арно го отвори музејот на "Луј Витон" во Париз, кој чинеше 135 милиони евра, дизајниран од легендарниот архитект Френк Гери. Во план е и изградба на нова културна институција во француската метропола, финансирана од Арно.

"Диор" е синоним на високата мода, на париската традиција на изработка на уникатни, скапи, рачно изработени свечени тоалети. Основачот, дизајнерот Диор, се смета за еден од највлијателните креатори на сите времиња. Почина во 1957 година. На топ црвените килими во светот престиж е да се носи тоалета на "Диор".


Текстот е прочитан 3466 пати.
#
Сибир се стопи (Жешко фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter