Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.04.2017, 22:37

Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, вечерва, по случувањата во парламентот, имаше јавно обраќање во кое повика на присебност, а политичките лидери ги повика на лидерска средба во неговиот кабинет.

„Во овие моменти на општа загриженост околу настаните во Собранието на Република Македонија ве повикувам да бидете смирени.
Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате на разни провокации, лажни вести и манипулации.
Повикувам на смирување на тензиите и на ненасилство.
Повикувам на разумно и одговорно однесување.
Повикувам на одговорно однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат Уставот и законите на Република Македонија.
Пратениците се најодговорни за враќање на состојбата во согласност со Уставот, законите и Деловникот на Собранието на Република Македонија, кои денеска беа прекршени.
Секој треба да биде одговорен за своите постапки и свесен за последиците кои произлегуваат од нив.
Оваа состојба може да се надмине само преку почитување на правниот поредок на Република Македонија.
Нема прашање за кое не може да се најде решение преку дијалог, во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија.
Затоа, ги повикувам лидерите на парламентарните партии утре да дојдат во мојот Кабинет на лидерска средба за да ја разгледаме новонастанатата состојба.
На лидерска средба да ги разгледаме сите опции за смирување и наоѓање излез од новонастанатата состојба.
Лидерите ја добиле довербата од граѓаните и се најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието.
Никој друг од надвор нема да ни ги реши проблемите ако самите ние не ги решиме, во согласност со државните интереси на Република МакедонијаЌ, рече Иванов.


Текстот е прочитан 1640 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter